Подглавна секција Путин не планира да присуствува на погребот на Пригожин

Путин не планира да присуствува на погребот на Пригожин

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател вели оти не знае каде ќе биде погребан Пригожин, иако некои руски медиуми пишуваат дека погребот би можел да се одржи денеска, во Санкт Петербург

Владимир Путин и Евгениј Пригожин во 2010 година. Фото: Влада на Руската Федерација, CC BY 3.0, Викимедија комонс

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на Евгениј Пригожин, сопственикот на платеничката компанија „Вагнер Груп“, кој на крајот на минатата седмица загина во авионска несреќа, пренесува Асошиејтед Прес.

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател вели оти не знае каде ќе биде погребан Пригожин, иако некои руски медиуми пишуваат дека погребот би можел да се одржи денеска, во Санкт Петербург, градот во кој живеел Пригожин.

Според некои медиуми од овој град, Пригожин (62) би можел да биде погребан на гробиштето Серафимовскоје. Уште од рано утрово бројни полициски сили биле распоредени таму. Сепак, силно полициско присуство е забележано и кај другите гробишта во градот.