Свет Европа Путин го потпиша законот за „странски агенти“

Путин го потпиша законот за „странски агенти“

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска го потпиша законот со кој медиумите што добиваат финансиска помош од странски земји или од странски организации може да бидат означени како „странски агенти“, јавуваат агенциите.

Станува збор за реакција на Москва на обврската која во САД ја имаат руските медиуми, конкретно „Раша тудеј Америка“ и „Спутник“, кои Вашингтон бара да се регистираат како „странски агенти“ во САД.

Законот, кој Долниот дом на рускиот парламент го усвои кон средината на ноември, а Горниот дом оваа недела, денеска е објавен на официјалната интернет-страница со правни документи и на сила стапува веднаш.

Според законот, странските медиуми имаа обврска на руските власти да им даваат информации за својата финансиска состојба и во сите свои документи да назначат дека се „странски агенти“.

Формално, новиот текст само го проширува законот од 2012 година, кој досега се однесуваше само на невладините организации.

Како први потенцијални мети на новиот закон се споменуваат „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа/Радио слобода“, кои ги финансира Конгресот на САД.

Законот беше остро критикуван организациите „Хјуман рајтс воч“ и „Амнести интернешенл“.