Свет Путин ги повика курдските сили да формираат сојуз со Сирија и со...

Путин ги повика курдските сили да формираат сојуз со Сирија и со Ирак против ИД

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска ги повика курдските сили да формираат коалиција со владите на Сирија и на Ирак во борбата против Исламска држава, пренесува „Би-Би-Си“.

Зборувајќи на состанок во Сочи, Путин, исто така, рекол дека Русија е многу блиску да почне со размена на податоци со Западот за позициите на милитантите во Сирија.

Тој додал дека терористичката закана претставува можност за Русија и за Западот да работат заедно.

„Треба да ги здружиме сите сили, регуларните армии на Сирија и на Ирак, како и курдските групи“, рекол Путин, додавајќи дека воената победа нема да ги реши сите проблеми во Сирија, но ќе овозможи политичко решение во рамките на кое Сиријците ќе можат да одлучуваат за својата судбина.