Хроника Пукано врз жител на струшко Велешта

Пукано врз жител на струшко Велешта

Триесет и шестгодишен жител на струшкото село Велешта синоќа бил жртва на обид за убиство, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Ранетиот А.С. бил пренесен во струшката болница, каде биле констатирани повеќе прострелни рани, по што врз него била извршена хируршка интервенција која траела неколку часови. Повредениот во моментов се наоѓа во стабилна состојба.
Велештанецот, над кој е извршен нападот, со својот автомобил се враќал дома. Откако се паркирал покрај својот дом, забележал дека на неколку метри од куќата има паркирано возило, марка „ровер“, од кое набргу излегле две непознати лица, од кои едното веднаш истрелало повеќе куршуми, по што и двајцата го напуштиле местото на настанот.

Полициски екипи извршиел увид на местото при што се подигнати повеќе предмети меѓу кои осум чаури, еден проектил и дел од проектил.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот.