Свет Балкан Пукање во Приштина, убиен македонски државјанин

Пукање во Приштина, убиен македонски државјанин

Според косовската полиција, на околу еден километар од местото на инцидентот, пронајден е опожарен автомобил со германски регистарски таблички, со кој веројатно осомничените избегале од местото

Фото: Министерство за внатрешни работи на Република Косово

Сношти околу 20 часот, во Приштина е убиен државјанин на Северна Македонија, пренесоа косовските медиуми додавајќи дека осомничените сè уште не се идентификувани.

„Известено е дека засега непознат сторител пукал кон жртвата, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежните полициски единици излегле на местото на настанот, при што било забележано дека во автомобил со регистерска табличка на Република Северна Македонија има лице, за кое одговорниот лекар констатирал дека лицето е без знаци на живот“, се наведува во полицискиот извештај.

Според косовската полиција, на околу еден километар од местото на инцидентот, пронајден е опожарен автомобил со германски регистарски таблички, со кој се сомнева дека осомничените избегале од местото.