Свет Европа Пуџдемон денеска пред суд, нови протести во Каталонија

Пуџдемон денеска пред суд, нови протести во Каталонија

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска треба да се појави пред суд во Германија по неговото апсењето викендов, јавуваат светските медиуми. На денешното рочиште само ќе се утврди неговиот идентитет, а потоа ќе биде отворена процедура за испорачување, која може да потрае и до два месеци.

Пуџдемон во неделата беше уапсен откако се обиде од Данска да влезе во Германија. Шпанските медиуми јавуваат дека повеќе од 50.000 лица во неделата демонстрираа против негово апсење. Во судири на сепаратистите со полицијата, најмалку 89 лица се повредени, а четворица се уапсени.

Каталонија минатата година се обиде да прогласи независност, но владата во Мадрид го спречи тој обид и воведе централна власт.