Свет Европа Прв случај на ебола во Шкотска

Прв случај на ебола во Шкотска

Лекари од Глазгов потврдиле дека еден здравствен работник од Шкотска е заразен со вирусот на ебола.
Шкотскиот државјанин неодамна се вратил во земјата од Сиера Леоне, каде што работел со заболени од овој смртоносен вирус. По враќањето во Глазгов забележал дека има симптоми на ебола, а по деталните прегледи потврдено е присуството на овој вирус.
Владата на Шкотска го потврди првиот случај на ебола во државата и информира дека заболениот ја добива неопходната терапија.