Свет Свет Протести во Никарагва против изградбата на канал меѓу Тихиот и Атлантскиот Океан

Протести во Никарагва против изградбата на канал меѓу Тихиот и Атлантскиот Океан

Илјадници жители на централно-американската држава Никарагва излегле на протести против планираната изградба на вештачки канал, кој треба да ги поврзува Тихиот и Атлантскиот Океан, јавуваат светските медиуми.

Каналот, кој ќе го гради кинеска фирма и ќе чини околу 50 милијарди долари, треба да биде подолг, подлабок и поширок од Панамскиот.

Но, демонстрантите се плашат дека изградбата ќе има штетни последици по животната средина и ќе принуди илјадиници луѓе да се иселат од своите имоти.

Владата на Никарагва, пак, вели дека каналот ќе донесе нови инвестиции, кои ќе бидат од витално значење за сиромашната држава.

Дел од демонстрантите, претежно фармери, го обвинуваат претседателот Даниел Ортега дека ја продал земјата на Кинезите.

Првичните градежни работи на каналот почнаа во декември минатата година, а изградбата треба да биде целосно завршена за пет години.