Дописници Промоција на романот „Поклонение“ од Естонецот, Тијт Алексеев

Промоција на романот „Поклонение“ од Естонецот, Тијт Алексеев

Вечерва, од 20 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи промоција на романот „Поклонение“ од истакнатиот автор во естонската книжевност, Тијт Алексеев.

Промотор на романот ќе биде Роберт Алаѓозовски, а гостин на вечерта е Елизабета Шелева.

Алексеев за овој роман ја доби престижната награда за литература на ЕУ.

Романот раскажува за светот на крстоносните витези, длабоко контемплирајќи над вредностите што ги мотивирале витезите-монаси, истовремено мешајќи елементи од трилер и од шпионска афера, во манирот на великанот Умберто Еко.