Таг: книжевност
таг: книжевност
Објавен македонски превод на историскиот роман „Раскажувачот“ на словенечката писателка Мирана Ликар
Издавачката куќа „Полица“ од Скопје објави превод на романот „Раскажувачот“ на словенечката писателка Мирана Ликар, кој пренесува уникатно сведоштво за човечките судбини зафатени со виорот на историските случувања во текот на дваесеттиот век.
„Овој превод премногу ми значи и јас сум пресреќна што луѓето ќе може да ја читаат книгата на македонски. Благодарноста за преводот ја упатувам на преведувачот Давор...
Британскиот амбасадор Лосон на дебата за родовата нарација во британската книжевност и култура
Во Институтот за македонска литература, а во соработка со Британската амбасада во Скопје, платформата за креативен дијалог и критичко размислување „Книжевни рефлексии“ вчера ја продолжи мисијата за поврзување на британската и македонската книжевност и култура со втората дебата на тема „Родовата нарација во британската книжевност и култура“.
Адресирајќи горливи општествени прашања како родова еднаквост, слобода на говор, цензурирана книжевност, гласот...
Писатели од регионот и пошироко на јубилејното 10. издание на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“
Десетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко ќе бидат гости на јубилејното 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе се одржи од 18 до 20 септември во Даут-пашиниот амам во Скопје.
Покрај годинашната добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, македонската писателка Оливера Николова, на првата вечер на фестивалот ќе...
Прв книжевен фестивал во Малешевијата – „МалеМале“ ќе се одржи на 30 и 31 јули
„МалеМале“ е првиот книжевен фестивал во Малешевијата, кој на 30 и 31 јули ќе се одржи во Берово.
Организатори на настанот се поетот Тихомир Јанчовски и Тања (Павлеска) Аждаја, а тие на фестивалот најавуваат учество на познати домашни автори од книжевната, музичката и уметничката дејност.
„Со надеж дека ќе прерасне во традиција, МалеМале има за цел да го развигори културно-уметничкиот дух...
Отворен повик за волонтирање на седмиот книжевен фестивал „Друга приказна“
Книжевниот фестивал „Друга приказна“ отвора повик за волонтирање наменет за сите млади љубители на книжевноста и културата.
Станува збор за седмото издание на книжевниот фестивал чија годинешна тема е „Нова писменост“. Фестивалот годинава ќе обедини 30-тина врвни книжевни имиња од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора.
„Потребни ни се ентузијастични, љубопитни и ажурни волонтер(к)и кои сакаат...
Објавена книгата „Низ лавиринтите на книжевното писмо“ со трудови за истакнатите македонски писатели
Објавена е книгата „Низ лавиринтите на книжевното писмо“, со книжевни студии од македонскиот писател Ранко Младеноски.
„Низ лавиринтите на книжевното писмо“ содржи анализи и интерпретации на семиотичките лавиринти на книжевно-уметнички дела на автори од современата македонска книжевност, две компаративни студии и два осврта за книги на странски автори. Тоа се анализи, толкувања и осврти на книжевни дела кои оставиле значајни...
На 80 години почина писателот, академик Луан Старова
Писателот, публицист, преведувач, дипломат и новинар, академикот Луан Старова почина вчера на 80 годишна возраст.
Старова е автор на обемно научно дело од областа на романистиката, поспецијално на француската книжевност, албанската и македонската, како и компаративната книжевност, кој зад себе остави повеќе од 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјава. Тој е автор е на книгата...
Илустративен хор преку дигитални дела инспирирани од уметноста на Блаже Конески
На Факултетот за ликовни уметности во Скопје е отворена изложба на илустрации за јубилејната книга: „Блаже Конески - поезија и кратка проза“. На оваа ликовна изложба учествуваат седум автори: Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Марија Конеска, Филип Велковски, Елена Ѓорѓиевска, Иван Коминовски кои се претставуваат со 3 дигитални илустрации инспирирани од поезијата на македонскиот великан и тука е наградената авторка...
Андоновски: Некој мора да го исчисти ѓубрето, а јас сум ѓубреџија во книжевноста
Секој од нас се бори и справува на свој начин, ќе каже писателот Петар Андоновски во една прилика. Неговата извојувана борба во овој случај е книгата „Лето во кое те нема“ која веќе излезе од печат, а своја промоција ќе има вечерва со почеток во 21 часот во „ShortBus“, во склоп на Skopje Pride Weekend.
Македонскиот современ писател Андоновски зад...
Објавен конкурсот за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“
Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга, седми пат распишаа конкурс за наградите „Крсте Чачански“ - за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ - за необјавена поетска збирка.
Расказите, односно песните, не треба да се претходно објавувани.
Секој расказ треба да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма.
Поетската...
Промоција на романот „Поклонение“ од Естонецот, Тијт Алексеев
Вечерва, од 20 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи промоција на романот „Поклонение“ од истакнатиот автор во естонската книжевност, Тијт Алексеев.
Промотор на романот ќе биде Роберт Алаѓозовски, а гостин на вечерта е Елизабета Шелева.
Алексеев за овој роман ја доби престижната награда за литература на ЕУ.
Романот раскажува за светот на крстоносните витези, длабоко...
Годинешните „Струшки книжевни средби“ во знакот на 155-годишнината од Зборникот на Миладиновци
Од денеска до 9 јули, во Струга, Охрид и во Вевчани се одржува манифестацијата „Струшки книжевни средби – 2016“.
Програмата почнува на Вевчански извори, каде ќе се одржи Меѓународно поетскo матине, а свои песни ќе читаат поети од Македонија, Албанија, Бугарија, БИХ, Полска, Романија, Словенија, Србија, Хрватска…
Хрватското книжевно друштво од Риека ќе се претстави со стихови на поетите: Хрвојка Миловановиќ-Салопек,...
Македонска поезија објавена во српското книжевно списание „Брничево“
Во најновиот број на списанието за книжевност „Браничево“ од Пожаревац, Република Србија, се објавени одбрани песни од македонските поети Ристо Ѓ. Јачев, Христо Петрески, Петко Шипинкаровски, Славица Г. Свидерски, Весна Мундишевска-Велјановска, Зоран Пејковски, Маја Стела Босилковска, Тоде Илиевски и Марина Мијаковска.
Најновата презентација на македонските поети надвор од Македонија е уште една потврда на активноста и на заложбите на редакцијата...
Меѓународна награда за македонските писатели Тоциновски и Шипинкаровски
Македонските писатели Васил Тоциновски и Петко Шипинкаровски се годинешни добитници на меѓународната книжевна награда „Донат“, што на институции и на поединци традиционално ја доделува хрватското книжевно друштво од Задар.
Наградата им се доделува за творечкиот опус и за посебен придонес во книжевната соработка меѓу Хрватска и Македонија.
Досегашни добитници на наградата се Задарска жупанија, Задарски лист, ГК Задар, ХРТ-Задар, Задарска приватна...
Светлана Алексиевич е добитничка на Нобеловата награда за книжевност
Добитничката на годинешната награда за книжевност е белоруската писателка Светлана Алексиевич, за нејзината книга „Споменик на храброста и страдањата на нашето време“, соопшти Шведската академија. За оваа награда, таа добива 938.000 евра.
Светлана Алексиевич е прозна писателка и новинарка. Таа е родена во Украина во 1948 година, а пораснала во Белорусија.
Во книгата „Војната нема женско лице“ пишувала за судбините на...
Ќулавкова, Ташковски и Димоски застапени во романското списание „ХЕЛИС“
Романското списание „ХЕЛИС“, во најновиот број за јули-август 2015, во специјален прилог на главениот уредник, познатиот романски писател Георге Добре ги објавува насловните страници на ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и списанието за книжевност, култура и уметност „Раст“ од Битола.
Во истиот број, со биографска белешка и избор од поетското творештво претставени се македонските поети Катица Ќулавкова, Братислав Ташковски...
Книжевното творештвo на меѓународни саеми на книга
Mакедонското книжевно творештво ќе биде претставено на меѓународните саеми на книгата во Франкфурт, Софија и во Истанбул.
Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, кој ќе се одржи во периодот од 14 до 18 октомври, е најзначаен меѓународен саем на книгата во светски рамки со застапеност на речиси сите значајни субјекти во издавачката дејност, како и на сите релевантни институции поврзани...