Македонија Променливо облачно време со умерен северен ветер

Променливо облачно време со умерен северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Напладне ќе има зголемена облачност, a на планините е можна појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степени, а максималната од 18 до 25 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температура од 8 до 21 Целзиусов степен.