Македонија Променливо облачно време со северен ветер

Променливо облачно време со северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само во планинските подрачја на југот и на североистокот од земјава е можен слаб дожд.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 Целзиусови степени, а максималната од 20 до 28 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време. Минималната температура ќе биде 12 Целзиусови степени, а максималната 26 степени.

Од вторник следува период на претежно стабилно и топло време, а кон крајот на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура.