Македонија Променливо облачно, попладне дожд и грмежи

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 20 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура до 29 Целзиусови степени.