Главна секција Проекциите на СДСМ покажуваат дека ќе имаат ист број мандати како ВМРО-ДПМНЕ

Проекциите на СДСМ покажуваат дека ќе имаат ист број мандати како ВМРО-ДПМНЕ

Според резултатите што ги прикажува СДСМ во својот прес-центар, гласовите помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се изедначени.

Според 90 отсто од преброените гласови, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по 51 мандат.

Проекцијата на СДСМ за мандатите кои ги добиле по изборни единици, покажува дека
СДСМ имаат повеќе мандати во првата изборна единица, а ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица. Партиите се изедначени во втората, четвртата, петата и во шестата изборна единица.

 

ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
ИЕ1 8 10
ИЕ2 9 9
ИЕ3 11 9
ИЕ4 10 10
ИЕ5 9 9
ИЕ6 4 4