Свет Продолжуваат судирите во Алепо, убиени 45 цивили

Продолжуваат судирите во Алепо, убиени 45 цивили

Најмалку 45 цивили, меѓу кои шест деца и пет жени, загинаа во бомбардирањето што го извршија сириските сили и нивните руски сојузници во квартовите на Алепо кои се под контрола на бунтовниците, јави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Во нападите, кои траат речиси 24 часа, се погодени и два центра на спасувачките „бели шлемови“, а итната помош располага само со 2.000 литри гориво, поради што мора селективно да интервенира, велат од организацијата.

Во меѓувреме, сириски воен претставник соопшти дека по воздушните напади, можна е и копнена офанзива.