Ctrl - Z Продолжен рокот на Конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на...

Продолжен рокот на Конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип

Рокот за доставување на изработените постери инспирирани од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 5 септември, информираат од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје. Тие заедно со Амбасадата на Италија во Скопје и Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ објавија конкурс за изработка на постер во пресрет на Comics Day / Денот на италијанскиот стрип, што ќе се одржи во октомври 2022 година.

„Сите кои што досега имаат испратено постери им благодариме на интересот и ги охрабруваме да изработат дополнителни решенија доколу имаат желба. Бројот на апликации не е ограничен“, информираат од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје.

На натпреварот може да се земе учество во три категории, и тоа: ученици од средните училишта во Северна Македонија, студенти на државните и приватните факултети на Северна Македонија и млади уметници – графички дизајнери, илустратори, стрип цртачи од Северна Македонија на возраст до 30 години.

Учеството е бесплатно, а содржината на постерот треба да соодветствува со темата на Конкурсот. Неопходно е да се подготви дигитална верзија на делото [мин. 200 dpi / CMYK / jpg / 700x1000mm / вертикално].

При испраќањето на делото, фајлот треба да се персонализира на следниов начин: Ime_Prezime_Uchilishte_NaslovNaPosterot.jpg. (за првата категорија); Ime_Prezime_Fakultet_NaslovNaPosterot.jpg. (за втората категорија); Ime_Prezime_NaslovNaPosterot.jpg. (за третата категорија).

Создадените дела треба да се испратат на e-mail: ladante.skopje.arte.design@gmail.com, а мејлот да се наслови со Italijanski strip_kategorijaX (X – е бројот на категоријата 1, 2 или 3).