Македонија Приведено едно лице за кражбата на речиси 3 милиони евра од НЛБ

Приведено едно лице за кражбата на речиси 3 милиони евра од НЛБ

Едно лице е приведено во врска со грабежот во НЛБ вчера, на крај на работното време, при што беа украдени речиси три милиони евра од трезорот на банката, соопшти СВР Скопје.

Случајот го пријавил директорот на трезорот на банката, вчера во 16.58 часот. Тој кажал дека нивниот вработен Б.С.(40) од Скопје извршил тешка кражба од трезорот на банката. Тој, според пријавата, украл швајцарски франци и евра, сè во вкупна вредност од околу три милиони евра, по што заминал.

Како што соопшти МВР, вчеравечер во 19 часот во полициската станица во Кисела Вода е приведено едно лице во врска со грабежот и се работи на целосно документирање и расчистување на случајот.