Хроника Приведени тројца возачи и поголема група илегални мигранти

Приведени тројца возачи и поголема група илегални мигранти

Полициски екипи вчеравечер во два одделни случаи привеле тројца возачи што превезувале поголема група илегални мигранти, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, синоќа, околу 23.30 часот, на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници забележале две паркирани возила, автомобил „форд фиеста“ и товарно возило „фиат дукато“, во кое се качувала поголема група мигранти. Кога ги виделе полицајците како даваат знак да застанат, возачот на автомобилот и дел од мигрантите побегнале, а на местото останал возачот на товарното возило, Н.Ц. (31) од Скопје, и деветмина мигранти.

Петнаесетина минути подоцна, на клучката кај Неготино, друга полициска екипа го запрела автомобилот „форд фиеста“ и го привела возачот Д.Н. (33) од Демир Капија. Возачите и мигрантите се приведени во полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

Околу 22 часот, пак, на патото Богданци – Струмица, во близина на селото Костурино, полицијата го привела радовишанецот Ж.К. (41), откако во автомобилот „сеат толедо“, сопственост на фирма од Радовиш, биле откриени шестмина мигранти, сириски државјани, информираат од МВР.