Свет Припадници на Исламска држава со порака до Балканот

Припадници на Исламска држава со порака до Балканот

Видеоснимка насловена „Честа е во џихадот, порака до Балканот“, беше објавена од Медиа-центарот „Алхајат“,  пропаганден центар направен за да ги пренесе исламските пораки до публиката од Западот.

Видеозаписот, во кој нараторот зборува на англиски, трае повеќе од 22 минути, а се зборува за историјата на Балканот и за муслиманските заедници во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Албанија и во други држави во околината.

Членови на Исламската држава од Балканот ги повикуваат другите муслимани да одат во Ирак и во Сирија, каде безбедно и со дигнитет можат да живеат со своите семејства. Како и во другите видеоснимки, џихадистите ги советуваат тие што не се во можност да емигрираат во земјите на исламот, да ги нападнат диктаторите во Косово, Македонија, Албанија, како и нивните војски.

„Борете се со нив. Ако не можете, ставете експлозиви под нивните возила, во нивните домови. Ако можете, земете отров, ставете го во нивниот пијалак, храна, оставете ги да умрат. Убивајте ги на секое место и секогаш кога можете. Во Босна, Србија, Снџак. Можете да го направите тоа, Алах ќе ви помогне“, вели Салахудинг ал Босна.