Свет Припадници на Боко Харам убиле 48 луѓе

Припадници на Боко Харам убиле 48 луѓе

Членови на исламистичката група Боко Харам убиле 48 трговци со риба во североисточниот дел на Нигерија, на брегот на езерото Чад, соопштија денеска локалните власти.

Според локални официјални лица, десетина борци на Боко Харам, во четвртокот го блокирале патот во близина рибарската населба Дорон Бага, на брегот на езерото Чад, и убиле 48 лица.

Упориштето на екстремната исламистичка група Боко Харам се наоѓа во северозападниот дел на Нигерија.

Минатата среда беа убиени најмалку 45 лица, а според сведочењето на очевидци, злосторството го извршиле припадници на исламистичката група.

Организацијата Боко Харам се бори за воведување шеријат и е одговорна за смртта на илјадници луѓе.