Дописници Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ во Еребино

Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ во Еребино

Традиционално, на првиот ден од Новата година, претседателот Ѓорге Иванов ги посети припадниците на АРМ. Денеска беше во армискиот објект во Еребино во Тетовско, каде што на војниците им ја честита Новата година.

На новинарско прашање во врска со составот на новата влада, рече дека очекува сите институции и политичките партии да го почитуваат рокот за формирање на новата владина коалиција.

– Постои Устав во кој се одредени роковите и треба да ги почитуваме тие рокови. Јас сум обврзан, според Уставот, по конституирањето на Собранието во рок од десет дена да го доделам мандадот на тие што ќе формираат мнозинска коалиција – рече Иванов.