Македонија Претпладне сончево време, попладне со локален дожд

Претпладне сончево време, попладне со локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 18 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до девет, а дневната до 28 Целзиусови степени.