Македонија Претпладне сончево, попладне со дожд

Претпладне сончево, попладне со дожд

Времето ќе биде сончево и многу топло, a попладне во западните делови од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и со грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а дневната температура од 32 до 37 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има услови за краткотрајна и локална нестабилност со пороен дожд и со ретки грмежи.