Македонија Претпладне сончево, попладне невреме

Претпладне сончево, попладне невреме

Времето во Македонија претпладнево ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе настапи значителна промена на времето. На повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.

Според синоптичарите, повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови кон сабота, особено во северните делови од земјата, каде на одредени места се очекува да наврнат повеќе од 25 литри дожд на еден квадратен метар.

Утринската температура се движи од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достиге од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје се очекува слично време – претпладне сончево, а попладне и во вечерните часови облачно, со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.