Македонија Претпладне сончево и ветровито, попладне нестабилно со дожд

Претпладне сончево и ветровито, попладне нестабилно со дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови од земјава на места ќе биде нестабилно, со пороен дожд и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува кон крајот на денот кон сабота.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 30 степени.

И во Скопје и во околината се очекува слично време. Кон крајот на денот ќе биде нестабилно со дожд и со грмежи. Утринската температура ќе достигне до 17 Целзиусови степени, а дневната до 30 степени.