Свет Свет Престрелка на аеродромот во Оклахома, убиен еден вработен

Престрелка на аеродромот во Оклахома, убиен еден вработен

Едно лице е убиено во пукање на главниот аеродром во Оклахома Сити, „Вил Роџерс“, поради што е прекинат авионскиот сообраќај. Американските медиуми јавуваат дека престрелката настанала на паркиралиштето и оти убеиниот бил вработен на аеродром.

Претставници на полицијата рекоа дека сите околни улици се блокирани и ги предупредија жителите да го избегнуваат тој дел од градот.

Според последните информации, осомничениот напаѓач е пронајден мртов во возило. Полицијата соопшти дека тој добил прострелна рана за време на престрелката и оти подоцона им подлегнал на повредите.