Македонија Прес-конференциите на владата ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без сниматели...

Прес-конференциите на владата ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без сниматели и новинари

Владата информира дека, заради заштита на медиумските работници од денеска прес-конференциите ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари.

„Имајќи ја предвид вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции, ве известуваме дека од денес, 20 март прес-конференциите на Владата ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели во медија центарот на владата. Целта на овие мерки е сите заеднички да се заштитиме и да обезбедиме услови за работа согласно актуелната ситуација,“ се вели во соопштението во кое се дава и упатство како да се поставуваат прашањата:
Прашањата за прес конференциите во текот на денот може да ги испратите на portparol@vlada.gov.mk и на мејл адресата на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат.
Прашањата треба да пристигнат најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.
Пример:
To: portparol@vlada.gov.mksonjajankovska@yahoo.com;
Subject: (од МИА) Прашање за прес конференција на МЗШВ Димковски 11:30
Body: Прашањето на медиумот
Потпис: Име и презиме, медиум