Македонија Премиерот Ковачевски го отфрли францускиот предлог

Премиерот Ковачевски го отфрли францускиот предлог

Фото: Фејсбук страна на Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски, по завршувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел, го отфрли францускиот предлог за кревање на бугарското вето и почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ. Тој нагласи дека предлогот во ваква форма е неприфатлив за него, за претседателот на државата, за Владата, за коалициските партнери, за институциите како и за граѓаните.

„Да порачам дека граѓаните на РСМ треба да се спокојни. Ние секогаш ги имаме во прв план стратешките интереси и цели на државата. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение“, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека од македонска страна е направено сè и дека сега Европската Унија е на потег. Истакна дека Македонија има три клучни барања за преговарачката рамка: целосно признавање на македонскиот јазик, историските прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка и преговорите треба да почнат пред внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, но и да се добијат гаранции дека нема да има нови услови од Бугарија.

„Ние направивме сè, сега ЕУ е на потег. 17 лидери, 27 нации, 27 земји се приклучија кон ЕУ, сите гордо се приклучија. Не бараме ние ништо повеќе од почит за лингвистичкиот, културниот и историскиот идентитет на мојот народ“, истакна премиерот.