Свет Балкан Прекинат меѓународниот железнички сообраќај во Словенија и во Хрватска

Прекинат меѓународниот железнички сообраќај во Словенија и во Хрватска

„Словенечки железници“ целосно го сопреа меѓународниот сообраќај на граничните премини со Хрватска.

Железничкиот сообраќај е во прекин и на граничните премини со Србија и со Унгарија, објавија денеска „Хрватски железници“.

По одлуката која е донесена поради вонредната ситуација со мигрантите, „Словенечки железници“ воведоа дополнителен превоз со автобуси, на релација со одредени дестинации од Хрватска.