Свет Европа Преговарачот на сириската опозиција поднесе оставка

Преговарачот на сириската опозиција поднесе оставка

Главниот преговорач на сириската опозиција Мухамед Алуш поднесе оставка поради неуспехот на мировните преговори под покровителство на Обединетите нации.

Тој оцени дека преговорите не донеле политичко решение, ниту, пак, придонеле за намалување на страдањата на населението во опколените градови од страна на сириската војска.

Засега нема одредено датум кога би продолжиле преговорите што во април беа прекинати во Женева.