Македонија Предлогот за закон за мораториум на „бомбите“ влегува во изборниот пакет?

Предлогот за закон за мораториум на „бомбите“ влегува во изборниот пакет?

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за донесување закон во Собранието по скратена постапка со кој би се забранило објавувањето на прислушуваните разговори, може да стане дел и од пакетот изборни закони за кои се преговара на средбите на работните групи.

Како што дознаваме, вчера, сепак, е постигнат компромис во пакет со изборните закони да се разговара и за законот за забрана за објавување на таканаречените „бомби“.

Нашите извори не сакаат да прецизираат што, всушност, значи тоа и дали е тоа дефокусирање од основиот пакет за кој се преговара.

Информацијата дека владејачките партии имаат намера ваков закон да протуркаат во Собранието, вчера предизвика негативни реакции од опозицијата, медиумите и од експертската јавност.

Неизвесно е и тоа дали средбите на работните групи ќе продолжат денеска по пробивањето на рокот од синоќа на полноќ.