Македонија Пратениците петти ден ќе расправаат за импичментот на Иванов

Пратениците петти ден ќе расправаат за импичментот на Иванов

Пратениците денеска во Собранието ја продолжуваат расправата по предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата од 12 април. Ова е четврто продолжение на седницата за иницијативата за импичмент на Иванов, поднесена од пратениците на СДСМ и на ДУИ.

Пратениците од опозицијата сметаат дека со аболицијата на 56 лица, политичари и ниви соработници, Иванов извршил општ акт на амнестија и со тоа директно навлегол во надлежноста на Собранието, прекршувајќи го Уставот.

Ставот на ДУИ е дека аболицијата била непромислена одлука на претседателот, која ја продлабочила политичката криза.

Од владејачката партија сметаат дека Иванов не треба да си поднесе оставка и дека работел за доброто на државата.

Расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов почна на 13 јуни, а претходно собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и на коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ.