Економија Позлатена „калашников-ламба“ во Скопје се продава за 48.360 денари

Позлатена „калашников-ламба“ во Скопје се продава за 48.360 денари

Столна ламба на која телото ѝ е во форма на автоматската пушка „калашников“ и тоа во златна боја, во продавница во Скопје се продава за 48.360 денари (околу 800 евра).

Ламбата, наводно, ја има само во два примероци – онаа што е во излогот и што е на продажба, и другата која била во домот на сопственикот на продавницата.

Како што ни рекоа таму, ламбата е со висока цена бидејќи била „италијански бренд и била изработена од квалитетен материјал“.