Свет Балкан Пожарот на грчкиот остров Евиа ставен под контрола

Пожарот на грчкиот остров Евиа ставен под контрола

Големиот пожар што избувна вчера во централниот дел на грчкиот остров Евиа, поради кој беше спроведена евакуација на околу 500 лица од две села и еден манастир, денеска е ставен под контрола.

Според локалните власти, веќе нема активни фронтови на пожарот.

Претпладнево пожарот на вториот по големина грчки остров зафати голема површина под борова шума и забрзано се ширеше потпомогнат од силниот ветер.