Видео Пожар зафати 140 куќи во Јапонија, повредени две лица

Пожар зафати 140 куќи во Јапонија, повредени две лица

Во малиот јапонскиот град Итоигава избувна пожар кој зафати најмалку 140 куќи и други објекти, а медиумите наведуваат дека две лица се полесно повредени.

Итоигава се наоѓа на брегот на Јапонското Море, а пожарот бргу се проширил поради силниот ветер.
Локалните власти наложиле евакуација на 273 домаќинства, односно на 580 лица.

Агенција „Кјодо“ наведува дека пожарот избувнал во кинески ресторан и потоа се проширил.