Свет Европа Пожар во Шпанија, евакуирани 3.000 лица

Пожар во Шпанија, евакуирани 3.000 лица

Властите во Шпанија евакуираа 3.000 лица, заради пожарот кој го зафати југозападот од државата. Официјалните лица веруваат дека пожарот е подметнат намерно, бидејќи стручните лица пронашле бројни поединечни точки на палење.

За време на вчерашниот ден, домовите ги напуштиле 1.400 лица.

Во борбата против пламените јазици, која трае три дена, во планинската област Сиера де Гата, ангажирани се авиони и хеликоптери, а пожарот претставува опасност за куќите.