Свет Свет Пожар во Австралија – тројца загинати

Пожар во Австралија – тројца загинати

Три лица загинаа во пожар на западот на Австралија, а уништени се 95 куќи, соопштија денеска локалните власти.

Со пожарот се зафатени 50.000 хектари и тој продолжува да се шири, соопштија претставници на противпожарните служби.

Повеќе стотини жители се евакуирани. Во гаснењето на пожарот се вклучени авиони и 150 пожарникарски возила.

Шумските пожари во Австралија се чести во овој период од годината. Во пожарите во државата Викторија, во 2009 година загина 173 лица, а уништени беа повеќе од 2.000 куќи.