Видео Пожар на главниот мост во Варшава

Пожар на главниот мост во Варшава

Голем пожар изби вчеравечер на главниот мост во Варшава, мостот Лазјенковски, што предизвика метеж во сообраќајот во главниот полски град.

Портпаролот на варшавската противпожарна служба, Михал Конопка, соопшти дека 40 единици неколку часа го гаснеле пожарот. Нема жртви, но пожарот предизвикал поголема материјална штета.

Пожарот почнал во делот под мостот, на кој имало складирани штици, а потоа се проширил на целата конструкција на мостот. Ова е втор пожар на мостот Лазјенковски од неговата изградба во 1974 година. Првиот пожар избил една година по неговото пуштање во употреба.