Македонија Повторно одложено судењето на Савески и на Куновски од Левица

Повторно одложено судењето на Савески и на Куновски од Левица

Поради болест на Владимир Куновски, кој заедно со Здравко Савески се обвинети за демолирање на народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска повторно беше одложено рочиштето од судењето на двајцата членови на Левица, пренесува „24 Вести“.

Судењето е презакажано за 18 јануари следната година.

Инаку, Савески и Куновски се товарат дека на 13 април учествувале во демолирањето на народната канцеларија, за време на протестите против одлуката на претседателот Иванов да аболира 56 лица – политичари и нивни соработници.

Јавното правобранителство штетата ја процени на 522.000 денари, односно околу 8.500 евра.