Економија Повторно авонски линии Белград – Загреб

Повторно авонски линии Белград – Загреб

Повратнниот билет за првито лет закажан на 12 декември ќе чини 127 евра

Белград и Загреб повторно ќе се поврзат со воздухопловна линија, а авионите на „Ер Србија“ на новата линија ќе сообраќаат двапати дневно.

Српската национална компанија најави дека линијата ќе биде воспоставена на 12 декември.

Летовите од Белград за Загреб ќе бидат во 7:35 и 18:20, а од Загреб за Белград во 10:05 и 20:40 часот.

Повратниот билет за првиот лет закажан на 12 декември ќе чини 127 евра. Цената на авиобилетот зависи од датумот на поаѓање и од должината на престојот, наведуваат агенциите.

Новите летови ќе значат повторно воспоставување воздушна линија меѓу овие два града, на која за последен пат имаше лет пред 23 години.