Македонија Повисока плата за 5% за вработените во градинките од октомври

Повисока плата за 5% за вработените во градинките од октомври

На денешната 89. седница, Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да почне подготовки за покачување од 5% почнувајќи од октомвриската плата на повеќе од 4.200 вработени во детските градинки.

Како што соопштија од Владата, донесена е и одлука за продолжување со изградбата и опремувањето на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на средни и основни училишта.

Била разгледувана и информација за јавно-приватно партнерство за платформа за хеликоптерска Брза помош како и за потрага и спасување со хеликоптери. Владата го задолжила министерството за здравство да изработи студија за оправданост.