Македонија Пороен дожд го поплави Прилеп

Пороен дожд го поплави Прилеп

Силно невреме проследено со пороен дожд, ветар и со грмежи го зафати Прилеп попладнево.

Од Општина Прилеп информираат дека поплавените површини на градскиот плоштад и улиците веќе се исчистени.

Од УХМР најавија дека во попладневните часови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови за појава на град.

Според синоптичарите, повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови кон сабота, особено во северните делови од земјата, каде на одредени места се очекува да наврнат повеќе од 25 литри дожд на еден квадратен метар.