Македонија Поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е спроведена во затворот во Идризово, каде што треба да ја одлежи четиригодишната казна затвор за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавка на „мерцедесот“.

„Лицето Г.Ј е спроведено во затворот Идризово,“ потврдија кратко од МВР.

Во случајот „Тенк“, кој беше отворен од згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО), предмет на обвинение беше незаконски тендер за набавка на луксузен „мерцедес“ оид 600.000 евра. Мерцедесот бил наменет за пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски, кој исто така е осуден во случајот на две години затвор.

Покрај Груевски и Јанкулоска осуден е и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски кој веќе ја отслужува затворската казна.