Македонија Поради снежните врнежи, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Поради снежните врнежи, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови, југозападните и источните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка кои се уште се на сила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.