Македонија Поради маглата, откажани и пренасочени дел од летовите од скопскиот аеродром

Поради маглата, откажани и пренасочени дел од летовите од скопскиот аеродром

На скопскиот аеродром „Александар Велики“, поради големата магла, откажани се неколку летови, а дел се пренасочени на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Поради густа магла, од синоќа два лета во пристигнување, кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а истовремено четири лета во заминување беа дивертирани кон охридскиот аеродром.

Според податоците од интернет-страницата на ТАВ, два лета во пристигнувања беа откажани, додека за заминување биле откажани три.

Летот за Бергамо, закажан за 11.45, според информациите на веб-страницата, полета со мало задоцнување.

Во текот на вчерашниот ден биле откажани пет полетувања и четири слетувања, а два лета биле пренасочени на охридскиот аеродром.