Свет Поради ерупција на вулканот Етна, затворен е аеродромот во Катанија

Поради ерупција на вулканот Етна, затворен е аеродромот во Катанија

Поради ерупција на вулканот Етна на островот Сицилија, денеска е затворен аеродромот во Катанија, јавува италијанската новинска агенција АНСА.

Ерупцијата на Етна, придружена со исфрлање лава, почна на 3 декември. Специјалистите од италијанскиот институт за геофизика и за вулканологија го опишаа како најмоќнниот од 1999 година.

Аеродромот во Катанија работеше во нормален режим, но синоќа беше затворен поради зголемена концентрација на вулканска пепел во воздухот.

Ерупцијата на вулканот не го загрозува локалното население.