Видео Поплавите и одроните во Сиера Леоне усмртија повеќе од 300 лица

Поплавите и одроните во Сиера Леоне усмртија повеќе од 300 лица

Бројот на загинатите во поплавите и во одроните што го погодија Фритаун, главниот град на Сиера Леоне се зголеми на 312, соопшти Црвениот крст.

Портпаролот на локалниот Црвен Крст, Патрик Масаки рече дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми.

Синех Камара, кој работи во болничката мртовечница во Фритаун изјави дека телата на жртвите се насекаде по подот.

Националната телевизија на Сиера Леоне го прекина редовното емитување на програма за да пушти прилог како луѓето трагаат по затрупаните лица.

Властите соопштија дека припадниците на војската помагаат во спасувачките операции.

Истовремено, претседателот на Сиера Леоне, Виктор Фоха изјави дека најверојатно стотина лица загинале во одроните во предградијата во Фритаун.