Свет Полицијата во Лос Анџелес уби 14-годишик

Полицијата во Лос Анџелес уби 14-годишик

Припадниците на полицијата на Лос Анџелес уби 14-годишик откако отворил оган на нив, соопшти полициската управа.

Полициската единица за борба против бандите истражувала повик на југот на градот, поврзан си вандализам. На пријавеното место затекнале две момчиња, од кои едното побегнало. Полицијата тргнала по него.

– Како што соопштија сведоци, осомничениот кој бегал извадил пиштол и почнал да пука кон полицајците – изјави шефот на полицијата Роберт Аркос.

Тинејџерот е идентификуван како Џеси Џејмс Ромеро, а прогласен е за мртов на местото на инцидентот.

Истражителите ќе го испитаат пиштолот од кој Ромеро пукал, а се верува дека момчето бил тесно поврзан со бандите кои доминираат на тоа подрачје.