Главна секција Полицијата употребила солзавец против група мигранти на македонската граница

Полицијата употребила солзавец против група мигранти на македонската граница

Припадници на македонската специјална полиција употребилe солзавец за да ги потиснaт мигрантите кои се обиделе да влезат од граничната зона во Македонија, јави новинската агенција Ројтерс, пренесува „Радио Слободна Европа

Македонската влада вчера прогласи кризна состојба и ја затвори јужната граница за мигрантите, главно Сиријци кои доаѓаат од Грција.

Тие ноќта ја минале на отворено на граничната зона меѓу Македонија и Грција.