Хроника Полицијата спречила криумчарење на 143 килограми марихуана

Полицијата спречила криумчарење на 143 килограми марихуана

Во две одвоени акции, Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спречила криумчарење на околу 143 килограми марихуана, при што приведени се осум лица. Шестмина се македонски државјани, а другите двајца албански државјани, соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБМ), Лазо Велковски на денешната прес конференција во МВР.

Во првиот случај, од Албанија преку Македонија во Грција требало да бидат пренесени 55 килограми марихуана со вредност на нарко пазарот од околу 150.000 евра. Во оваа акција се уапсени шест македонски и еден албански државјанин.

Во близина на браната на Мавровско Езеро вчера биле уапсени четири жители на скопско Студеничани, кои со автомобили „бмв“ и „ауди“ ја презеле марихуаната од Дебар и требало да ја транспортираат до Солун, за надомест од 9.000 евра.

По ова апсење, набргу во Дебар бил уапсен 49-годишен маж од албанското село Блата, Република Албанија, кој ја прокриумчарил дрогата во Македонија илегално премиинувајќи ја границата.

Набргу се уапсени и двајца роднини од Дебар, кои биле на 26 и 27 годишна возраст. Тие ја презеле дрогата од Албанецот и ја предале на жителите на Студеничани.

Во вториот случај вчера околу 18 часот на граничниот премин „Деве Баир“ од слобода е лишен 47-годишен државјанин на Албанија. Тој управувал со камион во чија приколка биле пронајдени 88 килограми марихуана. Дел од дрогата била скриена во штици од приколката на камионот.